Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва (19:30 часот) во Хале ги отвара квалификациите за Европското првенство 2023 година. Селекторот Александар Ашаданов за дуелот против Германија не само што на располагање ќе ја нема Девана Бонер, во составот ја нема и Ивана Кметовска. Без двата столба ќе биде тешко против ВНБА ѕвездите и искусните кошаркарки на домаќинот.
„Дефинитивно, голем хендикеп за нас ќе ни биде отсуството на Девана Бонер и на Ивана Кметовска на овој прв натпревар од квалификациите. Двете не се доволно подготвени за да одговорат на предизвиците кои со себе ги носат вакви натпревари од прва категорија на европската репрезентативна кошарка“, вели Ашаданов.
Селекторот добро ја познаа Германија, Македонија играше против оваа репрезентација и во претходниот циклус. Од девојките ќе бара да функциоираат како едно, а слабостите во отсуство на Бонер и Кметовска, во редовите на противникот ќе ги бара во бековските линии.
„Што се однесува за противникот, Германките ни се познати. Беа во нашата група и во претходниот циклус кога јас бев во стручниот штаб. Имаат играчи во WNBA и Евролигата.Најсилни се под кошот. Имаат две искусни кошаркарки. Во прв ред, Гулич која игра во WNBA, а сега настапува во Валенсија, тоа ќе биде нивна најсилна страна затоа што ја немаме Кметовска која ќе можеше да ѝ парира. Слабостите ќе ги бараме кај нивните бекови кои не се на тоа ниво на кое им се високите играчи. Мора да функционираме како целина и да играме како едно“.
Македонија за три дена на домашен терен ја пречекува Босна и Херцеговина во рамките на ноемврскиот циклус во овие квалификации.
Мечот против Германија можете да го гледате на следниот ЛИНК.










