Тиквеш со победа во Струмица

0
фото: ГKK Штип 1933 (FB)

Вечерва во меч од 6.коло во нашата кошаркарска елитна лига, кошаркарите на Тиквеш славеа на гости во Струмица против истоимениот тим со 70:75.

Ова е трета победа за кавадарчани и трет пораз за струмичани.

Интересен дуел кој домашните подобро го започнаа и имаа водство по првиот период од 21:16. Следуваше втора четвртина која во целост беше рамнопрабна 18:18, па на одмор се замина со +5 поени разлика во корист на домашната екипа.

Во продолжение далеку подобра игра на кавадарчани, се разигра Тиквше и тоа како вроди со плод ако се знае дека третиот период гостите го добија со 15:24. Во последната четвртина струмичани се заканија, дојдоа и до -2 поени во финишот, но сепак кавадарчани знаеја како треба да стават печат на победата и успеаја во тоа.

Кај домашните Харис со 19 поени беше најефикасен, додека кај победничкиот тим Смит и Сукс запишаа по 18 поени.

ПретходноРФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за НМКД!