Време е за победа: Против Ерменија како гости не сме славеле од далечната 2005 година!

200

Вечерва со репрезентацијата на Ерменија го играме вкупно 12 официјален натпревар. Во последно време како да зачестија дуелите со оваа селекција, имено за само една година ова ќе биде четврти дуел. Инаку вкупно сме одиграле 11 натпревари, а билансот е израмнет. И Ерменија и Македонија имаат по 4 победи и исто толку порази, и три ремија. Сепак загрижува податокот дека ние Ерменија сме ја победиле на гости само во 2005 година, значи цели 16 години немаме триумф среде Ереван, па време е што се вели. Да споменеме дека еден меч Ерменија како домаќин не пречека на Кипар, тоа беше на нашето последно гостување и тоа во рамките на Лигата на Нации кога загубивме со 1:0 како гости. Да кажеме и тоа дека на последниот наш меч, оној во Скопје во септември во рамките на овие квалификации одиграме само 0:0.

Во Скопје имаме победи со 2:1, 2:0, 3:0 и еднаш во Ереван со 1:2. Да се надеваме дека вечерва ќе ја забележиме и петтата победа над оваа селекција која како што кажавме во последно време ни е како судбина.

ПретходноДејан Георгиевски и Илина Арсова добитници на наградата „13 Ноември“
СледноГредата ни донесе бод против Украина