Гредата ни донесе бод против Украина

389

 

Македонската репрезентација до 21. Година одигра 1:1 на домашен терен против репрезентацијата на Украина во рамките од тековниот квалификациски циклус за Европското првенство.

Иако се надевавме на полн плен сепак, треба да бидеме задоволни и со ова реми, односно освен бод, затоа што Украина одигра добро во Скопје денеска, поведе имаше и греда во првиот дел, а ние освен голот реално уште еднаш или два пати посериозно се заканивме.

Бодот ни носи каква таква стабилност на средина на овие квалификации но ако сакаме нешто повеќе од само трето место ќе мора да бараме бодови и против Франција на следниот меч.

Доминација на Украина во првиот дел

Иако ние игравме на домашен терен, и иако по дифолт мораше да нападнеме, да одиграме наша игра тоа на стартот на овој меч не се случи. Напротив, Украина доминираше, диктираше темо, создаваше шанси.

Мурдук по една полуконтра во 28 минута, со разорен удар ја погоди гредата од голот на Денковски, и само среќата во тој момент не спречи да губиме со 0:1.

Следуваа уште една до две полушанси на противникот, за да во самиот финиш на полувремето по одлично изведениот корнер највисок во петерецот на Денковски беше Сирота кој со глава погодува во долниот лев голманов агол. Ние во овој период ниту еднаш не се заканивме кон противничкиот гол.

Гроздановски ни носи израмнување

На почетокот на второто полувреме, селекторот Канатларовски во нашиот табор направи двојна измена во нападот. Влегоа Станковски и Илиевски, излегоа Ѓоргиевски односно Рустемоски. Тоа донесе до некаде плод затоа што по само пет минути од измените, Томче Гроздановски по една добра наша акција израмни на 1:1.

Во 78. Минута најзрелата шанса за нас. Станковски почна една акција, која ја однесе топката на лево, центаршутот од таму за Илиевски, а овој се најде во добра позиција на петерецот. Проба да асистира за Станковски но додавањето за нијанса непрецизно.

Гредата не спаси од пораз

Во последните моменти од мечот Украина можеше да дојде и до конечен триумф но Ванат од непосредна близина ја погоди гредата, а резултатот остана 1:1.

Македонија – Украина 1:1 (0:1)

Комплекс Петар Милошевски

Гледачи: 200

Главен судија: Сигурд Кринптад (Норвешка)

Стрелци: Гроздановски 58 (М) Сирота 42 (У)

Ж.картони: Манев, Младеновски, Адем (М)

Македонија: Денковски, Манев, Младеновски, Антовски (Воша 72), Шеји, Гроздановски (Рамадани 72), Фазлагиќ, Рустемоски (Станковски  53), Ѓоргиевски (Илиевски 53), Адем (Тодоровски), Хајдари

Украина: Трубин, Вивчаренко, Сух, В’Јник (Ванат 70), Судаков  (Михаљенко 81), Назаренко (Ошчеренко 70), Батахов, Крискив (Желиско 70), Мудрик (Алифиненко 86), Бондаренко, Сирота

 

 

ПретходноВреме е за победа: Против Ерменија како гости не сме славеле од далечната 2005 година!
СледноКонте воведе нови правила – стави крај на традицијата во Тотенхем!