Од вчера и официјално Борче Христов е новиот шеф на стручниот штаб. Откако беше промовиран, а потоа и одржа состанок со играчите и со раководството, Христов уште вчера се зафати со работа, го одработи својот прв тренинг со “романтичарите“.
Сепак денешниот тренинг беше она вистинското. Се чини нов тренер и нови методи во Работнички. Христов веднаш реагираше ако играчите не ја одработија вежбата како што тој замислуваше. Имаше и повисок тон, се разбира мора така да биде ако се знае дека овој тим на Работнички мора, едноставно мора подобро.
И затоа е донесе Христов. Веќе во сабота тој ќе го има своето деби на клупата на Работнички и тоа против Шкендија на пријателската.