Македонија е пред победа и три важни бода во борбата за второто место во групата Ј. „Рисовите“ поведоа со 0:3 на гостувањето во Ереван и ако не се случи чудо ќе ги освоиме трите бода и ќе скокнеме на втората позиција барем до одигрувањето на мечот меѓу Романија и Исланд.
Енис Барди во 66. минута избори пенал, а истиот играч го изведе и погоди. На првиот меч како капитен Барди реализира два гола.










