Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност

149

Македонската и балканската шампионка донесе дури четири златни медали од 75тиот светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана. Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција!

По тој повод беше организиран прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој Акиевска ги презентираше впечатоците од овој огромен успех за македонскиот боди билдинг и фитнес. Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати.

На Светското првенство учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија.

ПретходноСедлоски: Благодарност до Бешикташ за гостопримството!
СледноТрајковски погоди откако Ашковски одработи одлична акција (видео)