Карлос Алкараз докажа и покажа дека во моментов му нема рамен во светот на тенисот. Тој го победи Александар Зверев со 6:2, 7:6 (9:7) во финалето во Торино и го освои својот прв трофеј на Финалниот Мастерс.
Јасно беше дека Германецот ќе стори се да слави на овој голем меч, но сепак се покажа дека сепак е подобар тенисер, без разлика што Зверев е прв на АТП листата, а Алкараз само трет, барем до вечерва.
Инаку во првиот сет Шпанецот немаше некои посебни проблеми, успеа да го освои и тоа убедливо со 6:2.
Затоа во вториот вистинска драма, на крајот беше 6:6 во гемови па мораше да се игра тај-брејк, а таму со 9:7 подобар беше Карлос Алкараз и на крајот заслужено победи со конечни 2:0 во сетови.










