Барселона се надева дека преку зимскиот преоден рок ќе собере околу 50 милиони евра од продажба на играчи. На „Камп Ноу“ планираат да стават на пазарот најмалку четворица играчи за да соберат пари за нови засилувања. Станува збор за Ињаки Пена, Клемент Ленгле, Самуел Умтити и Фелипе Кутињо.
Пена е во улога на трет голман на „Камп Ноу“, без многу изгледи да се бори за стартното место. Затоа, тој е подготвен да ја промени средината. Во моментов неговата цена на пазарот е околу 3 милиони евра и Барса е подготвена да ја пушти доколку добие толкава сума.
Ленгле го загуби стартното место во одбраната, забележувајќи само шест натпревари од почетокот на сезоната на сметка на Роналд Араухо, Жерар Пике, Ерик Гарсија и Оскар Мингеса, кои добиваат повеќе шанса. Се проценува на околу 18 милиони и се очекува да има интерес за него.
Истото важи и за Умтити, кој нема забележано минута од почетокот на сезоната. Неговата цена е од редот на 5 милиони евра, а интерес за него има од Арсенал, Јувентус, Бенфика и Манчестер Јунајтед.
Се верува дека Кутињо не е во долгорочните планови на новиот тренер Чави Хенанез, кој планира да наметне формација 4-3-3 со две брзи крила. Тешко е да се најде место за Бразилецот во него. 29-годишниот играч игра доста често од почетокот на сезоната, забележувајќи 11 натпревари, но постигна има само еден гол. Неговата цена е околу 20 милиони евра, а неодамна се поврзува и со интерес од Њукасл.










