Милевски: Верувавме во победата, Ашковски одигра и подобро од што очекував

648

Македонија се врати на победничките патеки. По оној дебакл од Германија во Скопје (0:4) момците на Благоја Милевски одговорија со убедлива победа во Ереван со 0:5, бодови кои се многу важни во борбата за второто место. Сега ќе чекаме кикс на Романија за да се зголемат нашите шанси за баражот.

Одиме од меч во меч. Никој не очекуваше од нас, освен ние самите дека по поразот од Германија со 0:4 ќе дојдеме до ваква победа во Ерменија. Затоа фудбалот е интересен, овие момци беа на ЕП некои и на младинско ЕП и покажаа дека содржат голем потенцијал.

Мене и фудбалерите, критиките само нè мотивираат дополнително. Нашата работа е јавна, секоја критика ако е добронамерна помага во работата, а во спротивно дополнително ме мотивира“, вели Милевски.

Ашковски е играч со потенцијал кој можеш да го користиш на повеќе позиции. Неговата природна позиција е лев бек, денеска играше како десен бек и тоа многу успешно. Одигра и подобро одошто што очекував од него“, додаде македонскиот селектор.

ПретходноГрузија ја изненади Шведска и ѝ направи услуга на Шпанија (ВИДЕО)
СледноАлкалоид испушти победа, Голден Арт со бод како планина