Македонската фудбалска репрезентација поведе на гостувањето во Ерменија со 1:0 во меч од 9. коло од квалификациите за СП 2022. Реализатор е Александар Трајковски, но најзаслужен за тоа е Ашковски кој одлично помина тројца ерменски дефанзивци и додаде до играчот на Алборг кој од неколку метри ја смести топката во мрежата.
Трајковски 19 гол за репрезентацијата.










