Давиде Маса (40) од Италија е делегиран за главен судија на нделниот меч меѓу Македонија и Исланд. Маса е еден од најпознатите судии во Серија А, а оваа есен судел во групната фаза во Лигата на Европа на мечот меѓу ПСВ и Монако. На 24 октомври го судеше мечот меѓу Рома и Наполи во Серија А, значи му судел на нашиот „Дијамант“ Елиф Елмас.
Негови помошници на овој последен меч од квалификациите за СП во Катар 2022 ќе му бидат Даниеле Биндони, Стефано Аласио и Симоне Соза, додека во ВАР собата ќе бидат судии од Швајцарија.