Бесарт Ибраими и натаму продолжува со добрите игри и голови во дресот на Ксанти. Па така неговиот тим попладнево гостуваше во Кавала, во меч од 4.коло во Супер лигата – 2 во Грција. Гостите победи со 0:6, а два гола на победничкиот тим беа дело на нашиот интернационалец. Тој стрелаше во 6. минута за 0:2 и во 14.минута за 0:3 за Ксанти.
Познато е дека Бесарт Ибраими во септември направи трансфер од Шкендија, каде што беше цели шест сезони, во тимот на Ксанти. Тим кој што сега е при врвот на табелата и од кого се очекува да се бори за враќање во елитната лига на нашиот јужен сосед.