Тиквеш добива странски капитал, целта е да се биде при врвот на мак – фудбалот!?

7008

Како што се шпекулира во фудбалско Кавадарци, Тиквеш во наредните денови треба да добие странски капитал. Односно познат инвеститор кој ќе вложи во клубот големи пари. Од клубот не сакаат ништо околу тоа да коментираат, но сепак како што се шпекулира, ФК Тиквеш деновиве би требало да добие генерален спонзор. Во клубот ќе бидат вложени многу пари. Целта била јасна. Оваа сезона Тиквеш по секоја цена да обезбеди опстанок, а во наредната кавадарчани да се борат за првите три места на табелата, односно за излез во Европа.

Исто така се шпекулира дека буџетот ќе бил неколку пати поголем од сегашниот и дека ќе се донесат најмалку 9-10 екстра квалитетни играчи за наши услови.

Се наведува дека по завршување на сезоната би требало овие шпекулации да бидат потврдени.

ПретходноБесарт ја “скина“ мрежата на Кавала!
СледноЕден од невакцираните во Баерн Минхен е позитивен на Ковид-19!