Алии не бил роден кога стружанецот Шаќири ја шокираше Англија со гол од корнер!

11

Се играше 51.минута во Штип кога младиот, има само 20 години, Алтин Алии директно од корнер постигна спектакуларен гол за 1:1 на мечот Брегалница – Струга ТЛ. Јасно е тој гол е денеска потег на денот, па не така често наши играчи или во ПМФЛ се постигнуваат голови директно од корнер – “ала Шаќири“.

Интересно Алии не бил ни роден кога стружанецот на 16 октомври 2022 година во Саутемптон тогаш ја шокираше Англија. Токму тој гол е еден од ТОП 3 најславните во нашата фудбалска историја.

За денешниот гол на Алии свој коментар имаше и неговиот тренер Бледи Шкемби:
“Голот на Алии од корнер денеска во Штип не беше случаен. Тој тоа го работи на тренинг“.

ПретходноКарлито му покажа на Зверев кој е кој!