Еден од невакцираните во Баерн Минхен е позитивен на Ковид-19!

568

Напаѓачот на Баерн Минхен се зарази со Ковид-19, тоа е Ерик Максим Чупо – Мотинг. Според официјалното соопштение од клубот тој се чувствува добро и е во изолација во својот дом.

Интересно е тоа што Чупо – Мотинг беше еден од оние играчи на Баерн кои не сакаа по никоја цена да се вакцинираат.

Па така сега останаа само уште Михаел Куизанс и Џошуа Кимих. Серж Гнабри и Џамал Мусиала деновиве ја примија првата доза.

Познато е дека во Баерн првите луѓе на клубот си имаа големи проблеми со дел од играчите кои не сакаа никако да се вакцинираат. Па така тие мораа на патувањата да одат со сопствени возила, да не бидат со клупскиот автобус, а и не смееја да бидат во ист хотел на останатите играчи во пресрет на секој меч.

ПретходноТиквеш добива странски капитал, целта е да се биде при врвот на мак – фудбалот!?
СледноЧави им поставил едно прашање на фудбалерите