ТИМ НА 15.КОЛО: Адетунџи е најдобриот меѓу најдобрите!

1314

Сандеј Адетунџи, интернационалецот од Нигерија е играч на 15.коло во ПМФЛ. На Чаир добрата екипа одолеваше на лидерот до таа 55.минута, но потоа Адетунџи ги презеде работите во свои раце или нозе, ако сакате, погоди за 1:0, потоа на крај во 70.минута реализираше за 4:0. Токму затоа е играч на колото. Тука се и
Сенгор, исто така стрелец како и левиот офанзивен бек Блертон Шеји, кој дојде токму од Струга ТЛ.
Академија Пандев одигра маестрален меч со Ренова во Тетово, победи со 1:2 и уште еднаш воодушеви составот на Александар Васоски. Мирчевски, Томовски и Манев се во тимот на колото.
Шкендија ја прекина победничката серија на Македонија ЃП, и тоа на нејзин терен. Гури беше стрелец, Кривак беше добар, а Захов во финишот ја спаси победата со неколку фантастични одбрани.
Нгоба од Тиквеш беше стрелец на првиот гол за Тиквеш против Работнички а Алтипармаковски уште еднаш и донесе на Брегалница три бода.

ИГРАЧ НА КОЛО
САНДЕЈ АДЕТУНЏИ
Тим: Шкупи
Роден: 10.12.1997 во Нигерија
Кариера: Абиа Вориорс, Лоби Старс, Риверс Јунајтед, Шкупи

ПретходноВајли: Украина е уште еден голем предизвик за овој млад тим!
СледноПокрената е истрага: Навивач удри новинарка по задникот додека известуваше (ВИДЕО)