Нестор ги одигра првите минути по долгата пауза

416

Екипата на Удинезе доживеа пораз на гостувањето кај Емполи со 3:1 во меч од 16. коло на италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски истрча на теренот по долгата пауза поради сериозната повреда, но неговиот тим загуби.

Удинезе водеше по првото полувреме, но Емполи направи пресврт. Несторовски влезе во игра во 79. минута на местото на Саксес и пет минути подоцна доби жолт картон поради симулирање. Добро е што нашиот напаѓач конечно заигра со што потврди дека повредата е минато, па сега се бори да влезе во форма и за што поголема минутажа.

Инаку Нестор отсуствуваше од натпревари од 21 април поради што го пропушти и ЕУРО 2020.

ПретходноГаџа пред Загреб: Мора да бидеме борбени, перфектни во одбраната
СледноЛапорта тврди: Дембеле е подобар играч од Мбапе, тој ќе остане во Барса