ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)

106

Тренер на 20.коло според „СпортСпорт“ е Александар Васоски, стратегот на Силекс. Оваа пролет по вторпат во изминатите четири кола. Прво по победата на гости кај Струга ТЛ а сега поради победата на кратовци во Кавадарци кај Тиквеш. Секако дека не е едноставно да се победи Тиквеш на негов терен, но ете Силекс успеа со голот на Пиреш да освои големи три бода.

Силекс оваа пролет одигра четири меча и има две победи на гости, и реми и пораз на двој терен во Кратово. Изгледа дека на тимот на Васоски подобро му е да гостува на секој меч.

Реми со Башкими и пораз од Шкендија во последната минута и победи со Струга ТЛ и со Тиквеш на гости, тоа е билансот на кратовци во првите четири кола во пролетниот дел.

ПретходноПобедничко селфи на Скопје по триумфот против Шкендија (А)
СледноПоради војната: Евролига “пресели“ три клуба!