Полувреме во Кавадарци: Тиквеш води, Брегалница не искористи пенал!

291

Заврши првиот дел од „Битката на Истокот“ во Кавадарци, меч од 18.коло во ПМФЛ. Тиквеш води со 1:0 и тоа со голот на Каракамишев постигнат во 16.минута, откако претходно имаше голема мешаница пред голот на “сините“.

Брегалница имаше неколку шанси, а најсериозната во 42.минута кога Мартин Стојанов од пенал не успеа да ја затресе мрежата на искусниот Стојан Димовски кој „жива“му ја фати на гостинскиот напаѓач.

Инаку Мартин Стојанов имаше уште две шанси за гол, но Димовски феноменално брани, додека Ескиќ за малку со петица ќе постигнеше прекрасен гол.

Сепак Тиквеш води на задоволство на стадионот во Кавадарци, а посебно на „Лозарите“.

ПретходноВерстапен VS Хамилтон: Кој ќе биде победник во епската битка?
СледноАлварез: Шкупи оди по трите бода во Велес!