Ноел е победник на првата слаломска трка сезонава (видео)

129

Францускиот скијач Клемен Ноел победи на слаломската трка во францускиот скијачки центар „Вал д’Изер“ во рамките на Светскиот куп. Ова беше прва слаломска трка сезонава, а Ноел е првиот француски скијач по Жан-Баптист Гранж од 2010/11 кој победил на првата слаломска трка во една сезона во Светскиот куп.

Инаку ова е негова деветта победа во кариерата во Светскиот куп.

Со 1.40 секунди задоцнување второто место го освои Кристофер Јакобсен кој прв пат се качува на подиум во Светскиот куп, а Филип Зубчиќ е трет со својот прв подиум во конкуренција слалом.

Наредните трки во Светскиот куп се супервелеслаломот и спустот во италијанска „Вал Гардена“ на 17 и 18 декември. Додека следната слаломска трка е закажана на 22 декември во италијанска „Мадона ди Кампиљо“.

Претходно„Арапскиот“ Њукасл демолиран во Лестер (видео)
СледноКузмановски убедлив во мак-дерби против Пешевски