Екипата на Њукасл доживеа нова бламажа во Премиер лигата откако денеска беше поразена на гостувањето кај Лестер со 4:0. Во првото полувреме „страчките“ некако се држеа се до 38. минута кога го примија голот од пенал. Во второто полувреме комплетно се распаднаа.
Патсон Дака, Јури Тилеманс и Џејмс Медисон стрелаа за Лестер за нивна победа. Њукасл е претпоследен со 10 бода од 16 натпревари, а Лестер е на осмото место.










