Завршија сите четири меча во 18.коло во ПМФЛ. Дербито на Арената, каде играа Работнички и Македонија ЃП заврши со триумф од 1:2. Победија “лавовите“ и со тоа ја продолжија победничката серија. Добар фудбал, Воша и Адем погодија за гостите, додека Ристовски за домашните. Два убави, супер гола а во 90. минута Адем не успеа од пенал триумфот да го направи поубедлив. Работнички имаше свои шанси, ја погоди и пречката, но реално Македонија ЃП беше подобра за тој еден гол.
Гури навистина е досаден. Одново тој е херојот на Шкендија. На тешкиот терен во Тетово, Шкендија со многу мака успеа да го победи Скопје со 1:0 и тоа со голот на Синдрит Гури во 69.минута.
Шкупи очекувано лесно, речиси рутнирано славеше и тоа убедливо во Велес кај Борец и тоа со 0:3. Сандеј Адетунци двапати погоди а последниот гол беше дело на Марко Ѓорѓиевски, екс фудбалерот на велешани.
Академија Пандев се мачеше со Пелистер цели 90.минути по тешкиот терен во Струмица, Многу шанси, но Пелистер одлично се бранеше и тоа се до таа 90.минута кога Бихорац успеа да постигне гол и да му донесе значаен триумф на својот тим. Победа од 1:0 за А. Пандев.
Дуелот во Струга меѓу Струга ТЛ и Ренова поради лошите временски услови беше одложен и презакажан за в вторник, додека вчера Тиквеш дома загуби од Брегалница со 1:3.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 18.КОЛО
А.ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 1:0
(Бихорац 90.)
БОРЕЦ – ШКУПИ 0:3
(/Адетунџи 20.,70.. Ѓорѓиевски 89.)
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:2
(Ристовски 61./Воша 16., Адем 55.)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 1:0
(Гури 69.)
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (ОДЛОЖЕНА)
ВЧЕРА:
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1:3
(Каракамишев 16./Манев 56., Џокиќ 70., Алтипармаковски 90+4.)















