Завршија првите полувремиња на четирите меча попладнево во ПМФЛ во последното есенско коло. Шкупи со голот на Сандеј Адетунџи очекувано води во Велес на гости кај Борец. Водство има и Македонија ЃП на дербито на Арената, и тоа на гости кај Работнички. Воша во 19.минута стрелаше во мрежата на домашниот состав.
Во Тетово и Струмица, каде терените се ужасни, фаворитите Шкендија и А. Пандев, кои се домаќини, имаат големи проблеми како да ги пробијат одбраните на Скопје и Пелистер. И на двата меча резултатот по првите 45.минути е 0:0.
Познато е дека дуелот во Струга меѓу Трим Лум и Ренова е одложен за в вторник, додека вчера во Кавадарци домашниот тим Тиквеш загуби од Брегалница со 1:3.