Екипата на Динамо загреб славеше со убедливи 3:0 против Славен Белупо во 19. коло на хрватскиот шампионат. Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери со тоа што вториот играше до 60. минута. А токму нашите фудбалери имаат заслуги за убедливиот триумф на „модрите“.
Во 13. минута на асистенција на Ристовски погоди Андриќ, а во 19. минута Оршиќ ја затресе мрежата на гостите, а му асистираше Адеми. Само пет минути подоцна повторно Ристовски асистент, а стрелец Оршиќ.
Овој резултат остана до крајот, а Динамо стигна до 10-тата победа но е трет на табелата и има два меча помалку од екипите пред него Осијек и Риека.










