Мерцедес се жали на победата на Верстапен поради тоа што се прекршени две правила

327

Мерцедес официјално подаде две жалби на победата на Макс Верстапен во Абу Даби со која стана нов светски шампион во Формула 1. Луис Хамилтон го загуби тронот откако дозволи во последниот круг да биде претекнат од Верстапен. До тоа дојде поради одлуката на директорот на трката Михаел Маси сигурносниот автомобил да се повлече од патеката во финишот на претпоследниот круг. Да потсетиме, сигурносното возило излезе на патеката поради излетувањето на Николас Латифи.

Првата реакција се однесува на членот 48.8 од правилникот:
„Ниту еден возач не смее да престигне друг болид на патеката, вклучувајќи го и безбедносното возило, додека не ја помине линијата (член 5.3) за првпат откако безбедносното возило ќе се врати во боксот“.

Втората жалба се базира врз основа на членот 48.12:
„Сите болиди што ги претекнал лидерот ќе треба да ги поминат болидите во главниот круг и безбедносното возило“.

Ќе ја видиме реакцијата на ФИА.

ПретходноРистовски со две, а Адеми со една асистенција во победата на Динамо
СледноАјнтрахт губеше 0:2, потоа го „разнесе“ Баер со 5:2! (видео)