Ајнтрахт губеше 0:2, потоа го „разнесе“ Баер со 5:2! (видео)

127

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт го совлада Баер Леверкузен со 5:2 во меч од 15. коло во германската Бундес лига. Интересно на овој меч е што гостите имаа водство од 0:2 по првите 22 минута со двата гола на Патрик Шик. Меѓутоа до крајот на полувремето домашните изедначија преку Тута и Линдстром.

Во второто полувреме домашните се разиграа, а гостите делуваа немоќно и нервозно. Ендика донесе пресврт за Ајнтрахт, а по него погодија Јакиќ и Соу за убедлив триумф.

Баер Леверкузен е трет на табелата, а Ајнтрахт направи скок на деветтото место.

ПретходноМерцедес се жали на победата на Верстапен поради тоа што се прекршени две правила
СледноПалас го победи Евертон и ја прекина серијата порази (видео)