Палас го победи Евертон и ја прекина серијата порази (видео)

75

Тимот на Кристал Палас ја прекина серијата од три порази со денешниот триумф над Евертон во Премиер лигата. Палас славеше со 3:1, а првиот и последниот гол ги постигна Конор Галагер кој со шест гола е најдобар стрелец на екипата во досегашниот дел од сезоната. Вториот е дело на Томкинс.
Евертон го впиша осмиот пораз сезонава и со тоа повторно порасна притисокот врв тренерот Рафаел Бенитез. Од Евертон се очекуваше борба за врвот, а моментално тимот е на 14. место. Палас е две места пред нив.

ПретходноАјнтрахт губеше 0:2, потоа го „разнесе“ Баер со 5:2! (видео)
СледноСкопје после 13. кола до прва радост