Дерби дуелот од дното на табелата во Супер-лигата, последен меч од 14. коло, му припадна на домашниот состав. Тимот на Скопје 2020 ја прекина низата од 13. порази во низа и дојде до првата дебитанска победа во ова натпреварување, откако го совлада Радовиш со 27-22.
Двата тима одиграа интересен натпревар, Скопје поведе со 10-6, по што гостите со серија од 1-5 на полувремето поведоа со 11-12. Домаќинот брзо се врати, со три гола во низа поведе со 14-12, овој пат на противникот не му дозволи да се направи нов пресврт.
Василевски со десет гола беше најефикасен на теренот и во редовите на победничкио тим, кај гостите Постолов имаше седум погодоци.










