Апсолутно заслужено. Едноставно најдобри. Шкупи попладнево со триумфот во Велес кај Борец со 0:3 стави „печат“ на есенската круна. На 18 мечеви момците на стратегот Гоце Седлоски победија на 13, имаат три ремија и само два порази. Освоени се 42 бодови со гол разлика 43:11. И побегнаа на А. Пандев цели 7 бодови а на Шкендија, најлутиот ривал дури 8.
Се разбира дека има уште многу, уште 15 кола во пролетниот дел, но нема сомневање дека и тоа како “мириса“ на титула на Чаир.















