Фудбалерите на Реал (М) славеа со 2:0 во големото градско дерби против Атлетико (М) и успеаја да ја зголемат предоста во однос на актуелниот шампион на Шпанија на цели 13 бода. Со головите на порвратникот Карим Бензема во 16. минута, и оној на Марко Асенсио во 57. минута на средбата, „кралскиот клуб“ покажа дека оваа сезона е најсериозниот кандидат за титулата во Ла Лига.
Со оваа победа Реал се оддалечи на плус 8 во однос на Севиља која е на второто место и на 9 бода од третопласираниот Бетис. Атлетико (М) по третиот сезонски пораз остана на четвртото место на табелата.
Standings provided by SofaScore LiveScore










