Интер го растури Калјари со 4:0 и го запоседна врвот во Серија А лигата по 17. коло. Шампионот долго време беше во сенка на градскиот ривал Милан и екипата на Наполи, но последните „киксови“ на овие два тима, ја искористи првата добиена шанса и успеа да се врати на челното место во италијанската елита.
Вечерва во Милано домашните покажаа дека се решени да го „сомелат“ противникот иако во првиот дел постигнаа само еден гол, преку Лаутаро во 29. минута. Истиот фудбалер доби шанса да зголеми и на 2:0 од пенал во завршницата на првиот дел, но не успеа да погоди.
Во вториот дел со голот на Алексис Санчез во 50. минута „нероаѕурите“ поведоа со 2:0, за брзо потоа со еден фатнастичен гол Чалханоглу да зголеми на 3:0. Пред да замине на клупата, Лаутаро, сепак, погоди по вторпат вечерва за 4:0 во 68. минута.










