Пред дуелот со Осасуна, тренерот на Барселона, Чави Хернандез потенцира дека на тимот му се потребни засилувања во јануари.
„Треба да го подобриме составот и јануари е одлична можност да го направиме тоа. Секогаш мораме да го држиме прстот на пулсот. Веќе се сретнавме со Матеу Алемани и потоа ќе имам повеќе преговори со раководството – средбата ветува дека ќе биде продуктивен“, изјави Чави.
Тој ја коментираше и моменталната состојба на тимот по двата порази во низа.
„Што се однесува да неодамнешните резултати, двата порази во низа се алармантни. Нема да лажам Баерн е посилен тим од нас. Но, тоа е психологија, важно е тие порази да не нè спречуваат во нашата цел“.
Чави потенцира дека ќе се обиде да го подигне каталонскиот гигант, но се надева дека тоа ќе го стори со соодветни засилувања, па во преостанатиот дел од сезоната ќе бидат многу подобри.
Дуелот меѓу Барселона и Осасуна се игра денеска (16:15) часот, каталонскиот гигант пред ова гостување е на осмото место на табелата во Ла Лига.