Бесмир Бојку: Струга ТЛ има квалитет за добар резултат против Ренова!

179

Во последниот меч во оваа полусезона, па и година, Струга Трим Лум денеска од 13 часот на свој терен ја дочекува Ренова. Екипа за респект, но секако дека и стружани си имаат свои сметки, посакуваат добар резулат на овој дуел со “гипсарите“.

За тоа што може екипата на Струга Трим Лум на овој натпревар против Ренова свое видување има Бесмир Бојку, еден од клучните играчи на тимот на стратегот Срѓан Захариевски.

Познато е дека Ренова, нашиот денешен противник, има квалитетен тим со играчи кои можат во секој момент да направат разлика. Од друга страна ние покажавме дека со квалитетни тимови играме квалитетно. Мислам имаме сила за позитивен резултат на овој натпревар. Сите сакаме да покажеме и против Ренова дека не случајно сме во полуфиналето од Купот“ истакна Бојку.

ПретходноЧави за новите засилувања: Јануари е идеална шанса
СледноПочина Маноло Сантана, Надал со емотивна порака