Почина Маноло Сантана, Надал со емотивна порака

458

Маноло Сантана, еден од најдобрите шпански тенисери почина на 54-годишна возраст.

Сантана беше најдобар светски тенисер во 1966 година, во својата кариера го освои Вимблдон, има две титули на Ролан Гарос (1961, 1964) и еден трофеј на УС Опен (1965 година).

Тој беше селектор на Дејвис-Куп репрезентацијата на Шпанија. Минатата година доби награда за допринос во тенисот.

Со Маноло се збогува и шпанскиот тенисер, Рафаел Надал.

„Ќе ми недостигаш Маноло. Секогаш ќе бидеш единствен и посебен. На твоето семејство му посакувам многу сила во овие моменти. Никогаш нема да те заборавиме“, се огласи Надал.

ПретходноБесмир Бојку: Струга ТЛ има квалитет за добар резултат против Ренова!
СледноБитола подготвува „пекол“: ФК и РК Вардар мора да паднат!