Битола подготвува „пекол“: ФК и РК Вардар мора да паднат!

719

Битола се подготвува за два големи дерби натпревари. Во среда во овој град гостуваат ФК Вардар и РК Вардар. И двата дуели и тоа како се важни, па навивачите веќе се мобилизираат.

Денот почнува на стадионот „Под Тумбе Кафе“, Пелистер е домаќин на Вардар во рамките на четвртфиналето во Купот на Македонија, мечот е закажан со почеток во 13 часот.

Пет часа подоцна фокусот ќе биде насочен кон салата „Боро Чурлевски“ силите по вторпат оваа сезона ќе ги одмерат Е.Пелистер и Вардар 1961.

Трибините сигурно ќе бидат исполнети, фановите не признаваат ништо освен победа, кога можеше вториот битолски тим да го урне македонскиот првак, тогаш можат и избраниците на Жељко Бабиќ.

Оваа средба ќе биде одлучувачка за првото место на табелата. Битолчани се во налет, на другата страна Вардар 1961 доаѓа по серијата од седум порази во низа во Лигата на шампиони и по разделбата со Веселин Вујовиќ.

Билетите се пуштени во продажба, се очекува уште денеска за еден час истите да бидат распродадени.

ПретходноПочина Маноло Сантана, Надал со емотивна порака
СледноПМФЛ: Работнички му се “остри“ на Ѓорче, есенскиот првак на гости во Велес