ПМФЛ: Работнички му се “остри“ на Ѓорче, есенскиот првак на гости во Велес

149

Со мечевите од 18.коло денеска завршува есенскиот дел од тековната сезона 2021/22. Од 13 часот на програмата се пет натпревари, вчера во Кавадарци екипата на Брегалница како гостин го победи Тиквеш со 1:3.

Дербито се игра на Арената во Скопје, каде се среќаваат домашниот Работнички и “препородената“ Македонија ЃП која во последно време игра се подобро и подобро. Сепак и Работнички во средата среде Штип покажа дека поседува квалитет и дека се враќа на победничките патеки. Ова ќе биде крајно неизвесен меч, на последните два одигра на нашиот најголем стадион тимот од Ѓорче има победа и реми, но затоа на 19 септември на гости екипата на Работнички победи со 0:2. Ете мотив за “лавовите“ да се одмаздат.

ШКУПИ И ШКЕНДИЈА ПРЕД ЛЕСНИ ТРИ…

Во ПМФЛ никогаш ништо не се знае, нема лесни ривали, но се чини дека денеска Шкупи на гостувањето во Велес не би требало да има поголеми проблеми. Есенскиот првак сака со нови три бода да стави “печат“ на полусезоната.

Шкендија под Шара го дочекува Скопје. Жилавиот тим од скопска Автокоманда никогаш не се предава, но сепак сеуште актуелниот шампион во своите редови има доволно квалитет за победа, за висока победа.

Академија Пандев против “фенерџијата“ Пелистер ќе треба да се рехабилитира по дебаклот што го доживеа минатото коло од Македонија ЃП. Се освен убедлив триумф на момците на стратегот Александар Васоски ќе биде рамно на сензација. Струга ТЛ и Ренова во Струга ги чека тежок и крајно неизвесен дуел, натпревар во кој секој резултат е во “игра“.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

А.ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР

БОРЕЦ – ШКУПИ

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ

ВЧЕРА:

ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1:3

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 39

2.А.ПАНДЕВ 32

3.ШКЕНДИЈА 31

4.БРЕГАЛНИЦА 29

5.РЕНОВА 27

6.МАКЕДОНИЈА ЃП 24

7.СТРУГА ТЛ 23

8.РАБОТНИЧКИ 22

9.СКОПЈЕ 20

10.ТИКВЕШ 15

11.БОРЕЦ 12

12.ПЕЛИСТЕР 5

ПретходноБитола подготвува „пекол“: ФК и РК Вардар мора да паднат!
СледноБадел 1862 преку првакот до перфектни „девет од девет“