Фантастична партија на Бетис, десетта победа во Ла Лига и пласман на 3. место на табелата. Андалузијците годинава покажаа дека имаат извонреден тим и форма која ги носи на позициите кои обезбедуваат излез во Лигата на шампионите.
Вечерв апред своја публика Бетис со убедливи 4:0 го „демолираше“ Реал Сосиедад и покажа дека е еден од трите најдобри тимови во лигата. Головите за „зелено-белите“ ги постигнаа Морено (14’), Хуанми (57’), Фекир (66’), Морено (79’).
Standings provided by SofaScore LiveScore










