Рангник: Де Геа не спаси, мора да се подобриме

340

Тимот на Манчестер Јунајтед вчера на гостински терен одигра 0:1 против последнопласираниот тим во Премиер лигата, тимот на Норич. Единственииот гол на овој меч го постигна Кристијано Роналдо од пенал, и тоа длабоко во второто полувреме. Потоа домашниот тим сериозно притисна на противничката половина и Јунајтед имаше сериозен проблем да се одбрани, и да го сочува тешко стекнатото водство.

„Мечот беше исклучително тежок и интензивен. Противникот воопшто не играше како тим кој е последен на табелата. Пробавме да ја контролираме играта, но не дека во секој момент имавме најдобри решенија. Воопшто не сум среќен поради тоа. Им подарвиме премногу корнери. Не примивме гол, но не дека противникот немаше шанси. Не спаси Де Геа. Имавме среќа, и пред нас е уште многу работа“ – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник по вчерашниот меч.

Јунајтед во моментов е петти со 27. бодови, а во следното коло му гостува на Брендфорд.

FOTO Action Images via Reuters/Peter Cziborra

 

ПретходноЕ. Пелистер објави, дербито со Вардар пред полни трибини
СледноВардар е есенски младински шампион