Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Душан Влаховиќ, тоа се тие тројца млади фантастични напаѓачи по кои гигантите едноставно “лудуваат“ по нив. За Мбапе и Халанд во голема мерка се знае што ќе прават во јануари или јуни следната година, но енигма е Србинот кој игра во фантастична форма во својата Фиорентина. Пред една недела пренесовме дека Пеп Гвардиола е силно заинтересан за Влаховиќ, барем според пишувањето на медиумите на Островот и дека не прашува за цена, само да го доведе на „Етихад“. Стратегот на Манчестер Сити смета дека Влаховиќ вкупно е поефтин од Норвежанециот, но и дека е попродуктивен.
Вчера и денеска низ медиумите се шпекулира дека Сити за Влаховиќ е подготвен да искешира дури 100 милиони евра, само да го доведе во јануари, во зимскиот преоден рок. До пред некое време се сметаше дека Србинот е блиску до Јуве, но јасно е дека „Старата Дама“ нема пари за еден вака мега – трансфер.










