Формула 1, шампионатот годинава го имаше веројатно најдраматичниот финиш во неговата историја. Макс Верстапен буквално на два свиоци до крајот на сезоната го престигна Луис Хамилтон на трката во Абу Даби и на тој начин ја освои титулата завршувајќи како прв и на трката и во генералниот пласман. Светската јавност е во еуфорија по овој настан, а една од најголемите дилеми се до овој момент, беше дали Хамилтон му ја честитал титулата на Верстапен по завршувањето на трката.
„Да, Луис ми честиаше. Сигурно му беше многу тешко по тој последен круг, но тоа само го покажува почитувањето кое го имаме двајцата еден кон друг. Тоа беше голема борба меѓу нас, но взаемно се почитуваме, и се туркаме еден друг до крајни граници. Ми стигна порака и од шефот на тимот Мерцедес, Том Волф кој ми честиташе за сјајната сезона и ми рече дека сум ја заслужил титулата. Тоа е прекрасно“ – изјави Верстапен.