Ристовски со гол за Динамо на гостувањето во Истра (видео)

199

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше стрелец на вториот гол за Динамо во победата над Истра во Пула со 0:2 во меч од хрватскиот шампионат. Ристовски погоди во последните секунди, додека Истра се обидуваше да изедначи од корнер фудбалерите на Динамо поведоа контра. Ристовски беше проигран во празно, а тој истрча напред и ја погоди празната мрежа од голот на Истра.

ПретходноГрците најавуваат: Дарко Велковски прави трансфер во АЕК!
СледноНорвешка на крилјата на Нора Мерк се пласира во 1/2 финалето на СП