А.Пандев „раскина“ со Бразилецот Каио Лукас Сантос!

727

По само шест месеци минати во редовите на Академија Пандев, напаѓачот Каио Лукас Нуњес Сантос, не е веќе член на струмичкиот прволигаш. Бразилецот во јуни беше донесен како засилување, но во изминатиот период, во есенската полусезона, малку или речиси ништо не покажа, па така челниците на А. Пандев и стручниот штаб на чело со Александар Васоски, одлучија да ја прекинат соработката со Каио Лукас.

Како што велат нашите информации, “пандевци“ размислуваат да се засилат барем со 2-3 нови квалитетни имиња, но нема да се брза. Познати се амбициите во пролетниот дел, да се биде меѓу првите три екипи на табелата и така да се избори пласман во Европа.

ПретходноЧеферин: УЕФА се извинува за грешката при ждрепката во ЛШ!
СледноЈунајтед го „краде“ Рудигер од Челзи