Претставници на федерациите учесници во бараж натпреварите за Катар 2022 одржаа состанок

162

Претставници на фудбалските Асоцијации на Македонија, Италија, Португалија и Турција, учесници во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2022 одржаа on-line состанок на кој беше разговарано за организациските предизвици за дуелите во март следната година.

Македонија во Палермо на 24. март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на близу 1300 влезници (пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“.

Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар доколку успееме сензационално да го победиме Европскиот првак, Италија.

Вториот бараж меѓу Португалија и Турција ќе се одигра на „Драгоа“ во Порто, а доколку португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат на стадионот во Порто. Во случај Турција да ја совлада Португалија, Турската фудбалска Федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин на финалето.

ПретходноЦапар ќе скенира против Косово од 13:00 часот
СледноПроблеми во Реал Мадрид, петмина заразени со Ковид