Струга ТЛ со заеднички ручек со газдата на клубот стави крај на успешната 2021 година!

4718

Како што е вообичаено кога завршува една успешна година, така беше и во Струга Трим Лум во текот на вчерашниот ден. Менди Ќира, газдата на клубот организираше заеднички ручек со раководството на Струга ТЛ, потоа стручниот штаб и се разбира играчите, по што беше даден одмор и тоа заслужен. Ќира истакна дека тој е задоволен од тоа каква година имала Струга Трим Лум, настап во Европа, добри игри во првенството и пласман во полуфиналето во Купот на Македонија со големи шанси да се стигне и до трофејот напролет. Тој им напомена на директорот Бесарт Исаку, тренерот Срѓан Захариевски и секако на играчите, дека од сите нив бара уште подобри игри и многу успех во новата 2022 година.

Да потсетиме дека Струга Трим Лум за само шест години постоење стигна до тоа да се бори за трофеи и да игра во Европа. Да се етаблира во клуб кој се наоѓа при врвот на мак – фудбалот. За тоа потребни се пред се финансии и напорна работа, а тоа во Струга Трим Лум очигледно е дека не е проблем.

А успесите се тука. Токму затоа и Менди Ќира, првиот човек на Струга Трим Лум не го криеше своето задоволство на вчерашната дружба со членовите на неговиот клуб.

ПретходноШокантно: Дали Хамилтон заврши со Формула 1!?
СледноСамо Куртоа е подобар од Димитриевски во Ла Лига!