Нашиот интернационалец во Казахстан, Давид Атанасковски може да се пофали дека го има голот на годината во таа земја. Фудбалерот на Шахтар Караганди, на мечот против Тобол постигна фантастичен гол од далечина, од повеќе од 30 метри.
Тоа беше вистинска “бомба“, нешто што ретко се гледа. Па затoа и признанието оди во вистински раце, кај Македонецот.
Инаку Давид Атанасковски во ПМФЛ играше во екипите на А. Пандев и Македонија ЃП.
View this post on Instagram