Екипите на Фиорентина и Сасуоло одиграа исклучително интересен и ефикасен меч на отворањето на денешната Серија А, програма, кој заврши без победник 2:2.
По прекрасно време во Фиренца, двата тима и тоа како покажаа дека се едни од најквалитетните во оваа сезона, и дека се способни да одиграа на високо ниво.
Гостите можат да жалат што не освоија полн плен, затоа што имаа водство од 0:2 по првото полувреме преку головите на Скамака односно Фратеси.
По паузата Фиорентина се созема, нормално како што е тоа обичај со нив Душан Влаховиќ проработе, намали на 1:2 во 51. минута. Србинот се израмни со Кристијано Роналдо по бројот на голови 33, во една календарска година. Десет минути подоцна по една мешаница во петерецот на Сасуоло, Тореира изедначи на 2:2. Црвениот картон за Бираги во 68. минута значеше дека домашните ќе доиграат ослабени, а ниту Сасуоло немаше сила за нова предност.