За 800 милиони евра: Реал се подготвува за најголемиот “бизнис“ во историјата на фудбалот!

5477

Реал Мадрид и Дон Флорентино Перез се подготвуваат за најголемиот „бизнис“ во историјата на фудбалот. Имено тие во јуни, во летниот преоден рок имаат намера во пакет да ги донесат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои би потпишале шестгодишни договори. За тие шест години Реал ќе мора да издвои вкупно 800 милиони евра, ако не и една милијарда за севкупните трошоци за двајцата најбарани фудбалери во моментов. Тука се мисли на отшетата, платите, бонусите и се што е врзано за двајцата.

За тоа “кралевите“ ќе мора да се ослободат од неколку играчи, а добро за нив е тоа што следното лето им истекуваат договорите на повеќе фудбалери кои и тоа како отежнуваат клупскиот буџет.

Токму затоа Дон Флорентино вели:

Можете да се врзете, полетуваме…“.

Се разбира дека Перез сака што побргу да ја искористи кризата во Барселона, да создаде тим кој едноставно би бил за Барса просто недостижен.

ПретходноНајавено, па потврдено: Струга ТЛ се пофали со Дарко Илиески!
СледноМераци: Потсетување на ЧУДОТО од Дуисбург, кога Македонија ја „ОСВОИ“ Германија! (ВИДЕО)