Кој станува слободен агент: 10 мега-ѕвезди од утре можат да преговараат со нови клубови

291

Од утре наутро, почнува зимскиот преоден рок. Клубовите веќе се подготвуваат за засилување на ростерите во пресрет на финалниот дел од сезоната. Сепак, 1 јануари е исклучително важен и за оние фудбалери чии договори се уште се во важност, но завршуваат за само 6 месеци. Тоа, според правилата на ФИФА, им дава отворена можност уште од утре наутро да почнат официјални преговори со заинтересирани клубови за нивно продолжение на кариерата по 30 јуни 2022 година.

Со оглед на тоа што овие фудбалери немаат продолжени договори со своите клубови, ако се договорат со некој нов заинтересиран клуб, тоа значи дека во јуни како слободни агенти и беш обештетување можат да заминат во нова средина. Од утре оваа „десетка“ ќе биде во фокусот на европските гиганти. Кој кого ќе успее да го убеди да дојде кај нив, практично за џабе, останува да видиме.

10 НАЈСКАПИ ФУДБАЛЕРИ ЧИИ ДОГОВОРИ ЗАВРШУВААТ ВО ЈУНИ 2022

Килијан Мбапе               (ПСЖ)                 23 години           160 милиони евра


Пол Погба                  (Манчестер Ј.)         28 години           55 милиони евра


Пауло Дибала         (Јувентус)                  28 години           50 милиони евра


Френк Кеси               (Милан)                   25 години           48 милиони евра


Марсело Брозовиќ        (Интер)               29 години           40 милиони евра


Антонио Ридигер           (Челзи)              28 години           35 милиони евра


Лоренцо Инсиње           (Наполи)             30 години           35 милиони евра


Никлас Зуле                (Баерн)                26 години           35 милиони евра


Андреас Кристенсен    (Челзи)                25 години           35 милиони евра


Усман Дембеле              (Барселона)      24 години           30 милиони евра

ПретходноГодина на „пандемиски“ Олимписки игри но и бројни светски рекорди
СледноЕУРО 2020: Титула за Италија, борбата за живот на Ериксен, рекордот на Роналдо