Година на „пандемиски“ Олимписки игри но и бројни светски рекорди

91

Годината што измина ја одбележаа неколку спортски настани, а надвор од фудбалот најголемото беше Олимијадата во Токио. Настан кој требаше да се одржи во 2020 година, но беше одложен поради пандемијата, презакажан за јули и август оваа година. И овојпат постоеше опасност да биде откажана откако Јапонија се соочи со силен бран на Ковид-19 и многу заболени, но, сепак, решија да не го откажуваат настанот и тој да се одржи под строги безбедносни мерки.

Учестуваа преку 11.650 спортисти. Русија без знаме и химна, Македонија испиша историја со освоениот сребрен медал во таеквондо од Дејан Георгиевски.

Американците освоија најмногу медали 113 од кои 39 златни, 41 сребрен и 33 бронзени одличја, по нив е Кина со 88 медали (38 златни, 32 сребрени и 18 бронзени), а трета Јапонија со 58 медали (27 златни, 14 сребрени, 17 бронзени).

Настанот го одбележаа неколку светски рекорди, а секако Италија покажа сила во атлетиката со четири златни медали. Марсел Џејкобс триумфираше на 100 метри, „Аѕурите“ беа најдобри во 4х100 штафетната трка, Масимо Стано донесе злато на 20 километри одење, а Џанмарко Тамбери не можеше да се сопре од радост по златото кое го делеше со Катарецот Мутаз Еса Баршим во скок во височина.

24 светски рекорди во различни дисциплини, а секако најзначајните се соборените рекорди на Карстен Вархолм од Норвешка на 400 метри со препреки и на Сидни Меклафлин од Австралија во истата дисциплина во женска конкуренција.

Јулимар Рохас од Венецуела за 17 сантиметри го подобри светскиот рекорд во трискок (сега е 15.67 метри).

Во пливањето печат остави Татјана Шонмејкер од Јужна Африка со најдобар светски резултат на 200 метри градно, Австралија триумфираше со светски рекорд во 4х100 слободно, а кинеските пливачки во 4х200 слободно.

Калеб Дресел од САД си го подобри светскиот рекорд што тој го постави претходно на 100 метри пеперутка (сега е 49.45 секунди). Американците триумфираа со рекорд и на 4х100 метри мешана штафета. Во истата дисциплина во женска конкуренција златата со нов рекорд ги однесоа Британките.

Беа соборувани рекорди во кревање товар, пукање, велосипедизам, скокови во вода…

Бразил го освои златото на фудбалскиот турнир, Франција на ракометниот турнир во машка конкуренција.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да биде најдобар на Олимписките игри. ТИтулата отиде кај Александар Зверев. Во женска конкуренција триумф на Швајцарката Белинда Бенчиќ.

ПретходноГотово е… Арменд Алими е нов играч на Работнички
СледноКој станува слободен агент: 10 мега-ѕвезди од утре можат да преговараат со нови клубови